Прескокни до содржината
Rulebook

Посета

Посети нè

Најди нè во центарот на Скопје. Провери го работното време, види како да стигнеш или прашај нè нешто пред да дојдеш.

Адреса

Мито Хаџивасилев Јасмин 15
Скопје
Насоки до нас

Работно време

Отворени сме - повели на игра.

  • Пон–Чет09:00–00:00
  • Пет09:00–01:00
  • Саб–Нед10:00–01:00

Имаш прашања пред посетата?

Пиши ни за посетата или за пристапноста на просторот.

Цени на маси и времетраење

Маси за игри

  • 4-ка маса - 300 ден / час
  • 6-ка маса - 500 ден / час
  • 8-ка маса - 700 ден / час

Обични маси

  • 2-ка маса - 100 ден / час
  • 4-ка маса - 200 ден / час

Цените се по маса, на час, без разлика колку места се пополнети.

Резервациите се во цели часови, со попуст колку подолго играш.

Ако сакаш да играш подолго, резервацијата може да се продолжи ако масата е слободна.

Спремни за игра?

Rulebook Daily

БЕСПЛАТНО

Работи. Играј. Учи. Дружи се.

Rulebook Daily е бесплатно, без влезница. Донеси лаптоп, книга, игра или само дојди. Седни, заврши нешто, направи пауза, одиграј партија и остани на дружба.

Шах, лаптопи и дружење во Rulebook

Твој простор преку ден

Не мора секое излегување да има план. Rulebook е место каде можеш да седнеш со лаптоп, да учиш, да читаш, да одиграш нешто или едноставно да поминеш време со луѓе на иста бранова должина.

  • Место каде ти е убаво

    Пријатна атмосфера, интересен простор и маси на кои има место и за лаптоп и за игра.

  • Работа → пауза → игра

    Заврши што имаш, направи пауза со партија и продолжи кога ти одговара.

  • Добро друштво

    Rulebook е место за луѓе што сакаат игри, идеи, разговори и малку поинтересен ден.

  • Барот е тука

    Кафе, пијалак или нешто за пауза можеш да земеш од барот кога ќе посакаш.

Имаш слободно попладне? Дојди во Rulebook.

Дојди денес

Влезот за Rulebook Daily е бесплатен. Резервациите на маси и другите услуги се наплаќаат по редовни цени.